Целосно блокиран сообраќајот кон Грција

Објавено во Регион Понеделник, 12 Септември 2011 09:27

На трите гранични премини меѓу Македонија и Грција, од грчката страна, од денеска од 7:00 часот па се до среда наутро ќе биде целосно блокиран патниот сообраќај за сите товарни моторни возила, поради 48 часовен штрајк на грчките цариниски службеници.

МВР соопшти дека врз основа на добиеното известување, односно најава од грчка страна, на граничниот премин Богородица - Евзони, ќе има и одреден застој во одвивањето на сообраќајот и за патничките моторни возила, односно тие ќе се пропуштаат во одредени временски интервали.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.