Словенија ја тресе криза

Објавено во Регион Петок, 27 Март 2009 22:19

Светската економска и финансиска криза се повеќе се чувствува во Словенија, која важеше за една од најуспешните земји во транзиција, најмногу поради зависноста на словенечката економија од европските, пред се од германската економија.
Словенија според најновите официјални податоци има околу 100 илјади невработени, што е рекордна бројка, а ниту другите економски показатели не влеваат оптимизам.Според оценките на економистите, извозот, кој е движечка сила на словенечката економија годинава ќе падне за околу 9 проценти, а инвестициите ќе се намалат за 12 насто.Истовремено економскиот растеж нема на биде шест насто, туку ќе падне на четири насто, а за толку ќе се намали и бруто домашниот производ.Според последните податоци на словенечкиот завод за статистика, обемот на производство веќе опаднал за 16 насто, а се намалила и просечната плата, која изнесуваше 900 евра, а работните места се се' помалку сигурни.Во ваква ситуација, владата во Словенија веќе усвои два пакета мерки вредни неколку стотини милиони евра, а премиерот Борут Пахор најави дека идната недела ќе објави и трет порадикален пакет мерки за спас од кризата.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.