Продолжуваат протестите на таксистите во Грција

Објавено во Регион Вторник, 02 Август 2011 19:26

Грчките таксисти бесплатно ги превезувале туристите во Патрас, на истокот на земјата додека на Крит ги пуштале бесплатно да го посетат археолошкиот локалитет Кносос, соопштила грчката полиција.

Стотина грчки таксисти и денеска протестираат пред зградата на владата во Атина против мерката со која ќе се либерализира издавањето на лиценци во овој сектор.

Демонстрантите пред министерството за сообраќај периодично ги блокираат обиколните улици.

Такси превозниците во Грција протестираат веќе две недели заради намерата на владата да донесе нов закон за лиценци, кој како што истакнуваат таксистите, ќе изнесе нови возачи на улиците и ќе им се загрозат приходите.

Состаноците одржани со владини претставници не донесеоа компромис.

Новите мерки за такси службата се дел од реформите што од Грција ги бараат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во склоп на мерките за штедење што земјата мора да ги спроведе во замена за финансиска помош од 110 милијарди евра.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.