Поминува рокот за референдумот за блокадата на Хрватска во НАТО

Објавено во Регион Четврток, 26 Март 2009 21:56

Ноќеска на полноќ истекува рокот што Партијата на словенечкиот народ го имаше за да ги собере потребните 40 000 потписи, потребни за организирање референдум со кој Словенија би ја блокирала Хрватска за влезот во НАТО.

Словенечките медиуми пренесуваат дека партијата до сега има собрано околу 1 000 потписи и дека референдумот нема да се одржи.

Организаторот на иницијативата не е изненаден што таа не успеала, бидејќи тоа и се очекувало откако словенечкиот државен врв ги повика граѓаните да не се потпишуваат, бидејќи референдумот бил непотребен и штетен.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.