Нов данок на банките за спас на Грција

Објавено во Регион Понеделник, 18 Јули 2011 14:02

Седумнаесетте земји членки на еврозоната сакаат им наметнат данок на банките за го вклучат и приватниот сектор во плаќањето за спас на презадолжената Грција. Според германскиот весник „Ди велт“, данокот ќе се однесува и на банките „што не се директно вклучени во Грција“.

Планот предвидува приватниот банкарски сектор да „придонесе во откупот на грчки обврзници“, пишува весникот, но не дава други детали. Членките на еврозоната треба да се сретнат во четврток во Брисел на итен состанок за спас на Грција од банкрот што може да им предизвика проблеми и на другите земји што го користат еврото. „Ди велт“ пишува дека влијателни членови на ММФ се против учеството на фондот во новиот спас за Грција.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.