Македонија ја укина евтината струја, Србија повторно ја воведува

Објавено во Регион Петок, 10 Август 2012 10:57

Кај нас се укинува, Србија размислува да ја враќа евтината струја. Министерството за енергетика серизоно размислува за враќање на евтината струја по 2 часот попладне и во недела како мерка за помош на најзагрозените граѓани. Во моментот Србија има евтина струја од полноќ до 8 часот наутро .

Денеска потврда во интервју за „Политика“ даде и српската министерка за енергетика, развој и животна средина, Зорана Михајловиќ, која вели дека евтината ноќна тарифа нема да биде укината.

„Министерството ја разгледува можноста за повторно воведување на ефтина електрична енергија секој ден по два часа во текот на денот, како и во недела, со што би им се помогнало, пред се, на социјално загрозените кои немаат можност да платат скапа струја, туку чекаат да дојде полноќ за да ги вклучат своите електрични апарати“, изјави Михајловиќ.

Таа вели дека нема да дојде до поскапување на струјата и најавува план за наплата на побарувањата и поефикасна работа на Елекстростопанството на Србија (ЕПС), кое што е во државна сопственост.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.