Хрватската крајбрежна стража се обидува да спаси 65 нелегални имигранти

Објавено во Регион Понеделник, 02 Јули 2012 14:32

Хрватската крајбрежна стража се обидува да спаси 65 нелегални имигранти од Африка и Азија, кои се наоѓаа на бротче на пат за Италија, кое поради дефект на моторот неконтролирани се движи во водите јужно од островот Млет, во јужниот дел на Јадранското Море

Екипажот на бродот побарал помош, соопштувајќи дека на превозното средство, кое е наменето за десетина лица, се наоѓаат 65 мажи од Сирија, Египет, Авганистан и Сомалија.

Бродот отпловил од Грција и се упатил кон Италија.

Бродот „Хрватска Костајница“ на хрватските погранични власти, кој беше испратен да помогне, не може да преземе ништо бидејќи бротчето со имигрантите се наоѓа во меѓународни води, а лицата кои патуваат со него одбиваат да го кажат името на капетанот.

Членовите на крајбрежната стража не можат да преземат мерки без одобрение од капетанот или од највозрасното лице на бродот, појаснува хрватското Министерство за одбрана.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.