ХРТ ќе отпушти 389 вработени

Објавено во Регион Сабота, 24 Септември 2011 09:39

 

Хрватската радио телевизија наскоро ќе отпушти 389 луѓе, соопштил претседателот на управата на ХРТ Јосип Поповац наведувајќи дека се работи за договор со синдикатот, а вработените го тврдат спротивното. 

“Можам да ви кажам дека работиме на програма за згрижување на 389 вработени,а тоа е процес кој ќе потрае, не верувам дека ќе биде готов до крајот на годината. Мора да помине на координација со синдикатот, Заводот за вработување и надлежното министерство, а сите тие чекори треба да се спроведат во склад со законите“, рекол Поповац. 

На отказите почнале да работат по одобрената програма за реструктуирање на телевизијата и дека процедурата за отказите не зависи само од управата. 

Но, додека претседателот на управата тврди дека се се работи според договореното, претседателот на Синдикатот на новинари Сања Шегедин Мириовски вели дека не и е јасно како дошле до таа бројка од 389 лица, ниту како одлучиле во која служба ќе ги отпуштат вработените. 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.