Инциденти при гласање во Турција

Објавено во Регион Недела, 29 Март 2009 15:54

Три лица загинаа, а над 60 се повредени во одделни судири во села во Источна Турција, за време на денешното гласање за локалните органи на власта, јавија турските медиуми.

Едно лице загина, а 27 се повредени при престрелка меѓу приврзаниците на двајцата кандидати за градоначалник на селото Безирџи, во округот Шанлафура во Југоисточна Турција.Еден човек загина а четворица се повредени при судир меѓу приврзаници на различни кандидати за градоначалник во село во областа Дијарбекир, исто во Југоисточна Турција.Дванаесет луѓе се повредени при слични инциденти во селото Јузбашалар во округот Игдир во Источна Турција, во селото Дибекли во округот Ван во Источна Турција и во селото Ѓунук во округот Афонкарахисар во Западна Турција.

Околу 48 милиони избирачи во Турција денеска гласаат на 175.000 избирачки места, за да изберат градоначалници на големите градови, окружни, околиски и селски градоначалници, како и окружни и општински советници.Гласањето започна со отворање на избирачките места во осум часот по локално време и ќе трае до 17 часот по локално време.Вкупо 19 партии ќе се натпреваруваат за над 2.940 градоначалнички места и 37.000 места во општинските совети, како и приближно 53.000 места за градоначалници на села и на општини.На претходните локални избори во 2004 година владејачката Партија на правдата и развојот постигна убедлива победа со 41 процент од освоените места.

Според социолошките истражувања се очекува кандидатите на Партијата на правдата и развојот да ја потврдат победата во натпреварот за градоначалничките места во Истанбул и Анкара, а во третиот по големина град Измир се очекува повторно да победи кандидатот на Народнорепубликанската партија.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.