Регионhttp://mxradio.com.mk Tue, 17 Oct 2017 05:40:35 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkАлбанската страна на Охридското Езеро ќе се става под заштита на Унескоhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/albanskata-strana-na-okhridskoto-ezero-e-se-stava-pod-zashtita-na-unesko http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/albanskata-strana-na-okhridskoto-ezero-e-se-stava-pod-zashtita-na-uneskoАлбанската страна на Охридското Езеро ќе се става под заштита на Унеско

Во Поградец , Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО.

Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година.
Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред    преставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување и функционирање на БС  како и досегашните достигнувања : - "Многу работи поставивме , уште многу треба да се постават и направат за регионот. Целта е заедно со активните проекти за рехабилитација на колекторскиот систем, за Дримскиот басен и за управување со Биосферниот резерват да го обезбедиме одржливиот развој на регионот за што многу ќе помогне овој Проект кој треба да ја стави и албанската страна на езерото под одговорност пред Унеско што ќе донесе сосема поинаков однос и развој. Тоа ќе ја исполни генерациската мисија"
Преставниците на Унеско истакнаа дека овој проект ќе ги помогне иницијативите за менаџмент со природното и културното наследство и за развој на регионот со посебен однос кон заштитата на Охридското Езеро. За историјатот на Охрид на состанокот зборуваше Горан Патчев од Заводот и музеј Охрид, за менаџмент планот Зоран Павлов од Министерството за Култура на РМ и за заштитените природни подрачја Оливер Аврамоски од Националниот Парк Галичица.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионTue, 16 Sep 2014 10:44:54 +0200
Македонија ја укина евтината струја, Србија повторно ја воведуваhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/makedoni-a-a-ukina-evtinata-stru-a-srbi-a-povtorno-a-voveduva http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/makedoni-a-a-ukina-evtinata-stru-a-srbi-a-povtorno-a-voveduva

struja-satКај нас се укинува, Србија размислува да ја враќа евтината струја. Министерството за енергетика серизоно размислува за враќање на евтината струја по 2 часот попладне и во недела како мерка за помош на најзагрозените граѓани. Во моментот Србија има евтина струја од полноќ до 8 часот наутро .

Денеска потврда во интервју за „Политика“ даде и српската министерка за енергетика, развој и животна средина, Зорана Михајловиќ, која вели дека евтината ноќна тарифа нема да биде укината.

„Министерството ја разгледува можноста за повторно воведување на ефтина електрична енергија секој ден по два часа во текот на денот, како и во недела, со што би им се помогнало, пред се, на социјално загрозените кои немаат можност да платат скапа струја, туку чекаат да дојде полноќ за да ги вклучат своите електрични апарати“, изјави Михајловиќ.

Таа вели дека нема да дојде до поскапување на струјата и најавува план за наплата на побарувањата и поефикасна работа на Елекстростопанството на Србија (ЕПС), кое што е во државна сопственост.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионFri, 10 Aug 2012 10:57:38 +0200
Брачна двојка од Србија се разнесе со бомба http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/brachna-dvo-ka-od-srbi-a-se-raznese-so-bomba http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/brachna-dvo-ka-od-srbi-a-se-raznese-so-bomba

bomba kasikaraСе претпоставува дека станува збор за самоубиство, каде еден од брачните другари ја активирал рачната граната при што загинале двајцата

Брачна двојка од Србија загинаа попладне во експлозија на рачна бомба во дворот на куќата. Се работи за 59-годишниот Радослав и 60-годишната Иванка Трговчевиќ од селото Брезовица во близина на градот Уб. Сведок на трагедијата нема, а полицијата пронајде траги на местото на настанот.

Се претпоставува дека станува збор за самоубиство, каде еден од брачните другари ја активирал рачната граната при што загинале двајцата.

Според пријатели на двојката, поголемиот дел од денот го поминувале во поле, со никого не контактирале, но не се знае дали трагедијата била последица на конфликт помеѓу сопружниците.

Радослав и Иванка живееле сами, имале три возрасни деца, две ќерки и еден син, кои живеат со своите семејства.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионFri, 20 Jul 2012 10:58:58 +0200
Хрватската крајбрежна стража се обидува да спаси 65 нелегални имигрантиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/khrvatskata-kra-brezhna-strazha-se-obiduva-da-spasi-65-nelegalni-imigranti http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/khrvatskata-kra-brezhna-strazha-se-obiduva-da-spasi-65-nelegalni-imigranti

brod emigrantiХрватската крајбрежна стража се обидува да спаси 65 нелегални имигранти од Африка и Азија, кои се наоѓаа на бротче на пат за Италија, кое поради дефект на моторот неконтролирани се движи во водите јужно од островот Млет, во јужниот дел на Јадранското Море

Екипажот на бродот побарал помош, соопштувајќи дека на превозното средство, кое е наменето за десетина лица, се наоѓаат 65 мажи од Сирија, Египет, Авганистан и Сомалија.

Бродот отпловил од Грција и се упатил кон Италија.

Бродот „Хрватска Костајница“ на хрватските погранични власти, кој беше испратен да помогне, не може да преземе ништо бидејќи бротчето со имигрантите се наоѓа во меѓународни води, а лицата кои патуваат со него одбиваат да го кажат името на капетанот.

Членовите на крајбрежната стража не можат да преземат мерки без одобрение од капетанот или од највозрасното лице на бродот, појаснува хрватското Министерство за одбрана.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионMon, 02 Jul 2012 14:32:59 +0200
Почина Анте Марковиќhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/pochina-ante-markovi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/pochina-ante-markovi

ante-markovicНекогашниот и последен претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ Анте Марковиќ почина на 87-годишна возраст.
Кон крајот на 1989 година покрена економски реформи за стабилизирање на динарот, како и приватизација по пат на доделување акции на работниците.

Резултатот од реформите беше спречување на инфлацијата, која зема замав во текот на 80-тите години од минатиот век, како и брзо и значајно, иако кратко, зголемување на животниот стандард. Тоа во тој момент го направи Марковиќ еден од најпопуларните политичари во југословенската историја.
Својата популарност тој му ја должеше на својот имиџ на нов, модерен политичар со западен стил. Исто така, популарноста ја одржуваше и со тоа што стоеше настрана од судирите во Сојузот на комунистите на Југославија и се обидуваше да посредува во конфликтите меѓу некои југословенски републики.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионMon, 28 Nov 2011 14:38:30 +0100
Потпишан меморандум за идна соработка на збратимените градови во областа на културното наследствоhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/potpishan-memorandum-za-idna-sorabotka-na-zbratimenite-gradovi-vo-oblasta-na-kulturnoto-nasledstvo http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/potpishan-memorandum-za-idna-sorabotka-na-zbratimenite-gradovi-vo-oblasta-na-kulturnoto-nasledstvo

 petreski potpisuvanje memorandum trogirВо рамките на официјалната посета на збратимениот град  Трогир, Р. Хрватска, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески заедно со градоначалниците на збратимените градови на Трогир

го потпишаа Меморандумот за идна соработка на збратимените градови во областа на културното наследство.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионMon, 14 Nov 2011 16:27:42 +0100
ХРТ ќе отпушти 389 вработениhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/khrt-e-otpushti-389-vraboteni http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/khrt-e-otpushti-389-vraboteni

 

hrvatska televizijaХрватската радио телевизија наскоро ќе отпушти 389 луѓе, соопштил претседателот на управата на ХРТ Јосип Поповац наведувајќи дека се работи за договор со синдикатот, а вработените го тврдат спротивното. 

“Можам да ви кажам дека работиме на програма за згрижување на 389 вработени,а тоа е процес кој ќе потрае, не верувам дека ќе биде готов до крајот на годината. Мора да помине на координација со синдикатот, Заводот за вработување и надлежното министерство, а сите тие чекори треба да се спроведат во склад со законите“, рекол Поповац. 

На отказите почнале да работат по одобрената програма за реструктуирање на телевизијата и дека процедурата за отказите не зависи само од управата. 

Но, додека претседателот на управата тврди дека се се работи според договореното, претседателот на Синдикатот на новинари Сања Шегедин Мириовски вели дека не и е јасно како дошле до таа бројка од 389 лица, ниту како одлучиле во која служба ќе ги отпуштат вработените. 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионSat, 24 Sep 2011 09:39:52 +0200
Дачиќ: Дипломатска акција на Србија за да ги спречи намерите на Тачиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/dachi-diplomatska-aktci-a-na-srbi-a-za-da-gi-sprechi-namerite-na-tachi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/dachi-diplomatska-aktci-a-na-srbi-a-za-da-gi-sprechi-namerite-na-tachi

dacic-xСрпскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија води дипломатска акција за да ги спречи намерите на косовскиот премиер Хашим Тачи на административните премини да постави цариници на косовските власти.

- Веруваме во намерите на меѓународните безбедносни сили, но сме многу загрижени поради фактот што некои сакаат повторно да запалат оган на судири. Степенот на безбедност е истиот, односно како и досега, зголемен, со цел да се зачува мирот во ова подрачје, нагласи Дачиќ.

Тој истакна дека Србија води дипломатска акција за спречување на таквите дејствувања на приштинските власти. 

- Водиме акции за да го спречиме Тачи и неговите проценки дека сега е идеален момент за такви чекори поради очекувањето на кандидатскиот статус на Србија за членство во ЕУ, објасни Дачиќ, додавајќи дека „распоредувањето на неколку цариници не е безбедносен туку проблем во симболичка смисла“.

Таквиот симболички потег, според српскиот министер, за Тачи ќе значи дека е остварен некој нивни интерес.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионMon, 12 Sep 2011 09:38:42 +0200
Целосно блокиран сообраќајот кон Грцијаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/tcelosno-blokiran-soobra-a-ot-kon-grtci-a http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/tcelosno-blokiran-soobra-a-ot-kon-grtci-a

granicaНа трите гранични премини меѓу Македонија и Грција, од грчката страна, од денеска од 7:00 часот па се до среда наутро ќе биде целосно блокиран патниот сообраќај за сите товарни моторни возила, поради 48 часовен штрајк на грчките цариниски службеници.

МВР соопшти дека врз основа на добиеното известување, односно најава од грчка страна, на граничниот премин Богородица - Евзони, ќе има и одреден застој во одвивањето на сообраќајот и за патничките моторни возила, односно тие ќе се пропуштаат во одредени временски интервали.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионMon, 12 Sep 2011 09:27:26 +0200
Продолжуваат протестите на таксистите во Грцијаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/prodolzhuvaat-protestite-na-taksistite-vo-grtci-a http://mxradio.com.mk/mx/vesti/region/prodolzhuvaat-protestite-na-taksistite-vo-grtci-a

taxi_grcijaГрчките таксисти бесплатно ги превезувале туристите во Патрас, на истокот на земјата додека на Крит ги пуштале бесплатно да го посетат археолошкиот локалитет Кносос, соопштила грчката полиција.

Стотина грчки таксисти и денеска протестираат пред зградата на владата во Атина против мерката со која ќе се либерализира издавањето на лиценци во овој сектор.

Демонстрантите пред министерството за сообраќај периодично ги блокираат обиколните улици.

Такси превозниците во Грција протестираат веќе две недели заради намерата на владата да донесе нов закон за лиценци, кој како што истакнуваат таксистите, ќе изнесе нови возачи на улиците и ќе им се загрозат приходите.

Состаноците одржани со владини претставници не донесеоа компромис.

Новите мерки за такси службата се дел од реформите што од Грција ги бараат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во склоп на мерките за штедење што земјата мора да ги спроведе во замена за финансиска помош од 110 милијарди евра.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)РегионTue, 02 Aug 2011 19:26:26 +0200