Дачиќ: Дипломатска акција на Србија за да ги спречи намерите на Тачи

Објавено во Регион Понеделник, 12 Септември 2011 09:38

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија води дипломатска акција за да ги спречи намерите на косовскиот премиер Хашим Тачи на административните премини да постави цариници на косовските власти.

- Веруваме во намерите на меѓународните безбедносни сили, но сме многу загрижени поради фактот што некои сакаат повторно да запалат оган на судири. Степенот на безбедност е истиот, односно како и досега, зголемен, со цел да се зачува мирот во ова подрачје, нагласи Дачиќ.

Тој истакна дека Србија води дипломатска акција за спречување на таквите дејствувања на приштинските власти. 

- Водиме акции за да го спречиме Тачи и неговите проценки дека сега е идеален момент за такви чекори поради очекувањето на кандидатскиот статус на Србија за членство во ЕУ, објасни Дачиќ, додавајќи дека „распоредувањето на неколку цариници не е безбедносен туку проблем во симболичка смисла“.

Таквиот симболички потег, според српскиот министер, за Тачи ќе значи дека е остварен некој нивни интерес.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.