Брачна двојка од Србија се разнесе со бомба

Објавено во Регион Петок, 20 Јули 2012 10:58

Се претпоставува дека станува збор за самоубиство, каде еден од брачните другари ја активирал рачната граната при што загинале двајцата

Брачна двојка од Србија загинаа попладне во експлозија на рачна бомба во дворот на куќата. Се работи за 59-годишниот Радослав и 60-годишната Иванка Трговчевиќ од селото Брезовица во близина на градот Уб. Сведок на трагедијата нема, а полицијата пронајде траги на местото на настанот.

Се претпоставува дека станува збор за самоубиство, каде еден од брачните другари ја активирал рачната граната при што загинале двајцата.

Според пријатели на двојката, поголемиот дел од денот го поминувале во поле, со никого не контактирале, но не се знае дали трагедијата била последица на конфликт помеѓу сопружниците.

Радослав и Иванка живееле сами, имале три возрасни деца, две ќерки и еден син, кои живеат со своите семејства.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.