Бериша бара комисии за штета од поплавите во Албанија

Објавено во Регион Понеделник, 18 Јануари 2010 13:59

Албанскиот премиер Сали Бериша побара да се формират комисии за проценка на штетата од недамнешните поплави во Скадар во северниот дел на земјата.
Тој соопшти дека по седницата на комисијата одговорна за ситуацијата властите одлучиле да ги обештетат жителите. Преземни се и мерки за дезинфекција и дератизација на поплавените места за да се спречи ширење на епидемии. Претходно опозициската Социјалистичка партија упати критики кон власта дека областа Шкодра била поплавена поради лошото управување на земјата.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.