35% паднаа цените на туризмот во Црна Гора

Објавено во Регион Петок, 27 Март 2009 22:22

Цените на туристичките аранжмани во Црна Гора во 2009 година ќе бидат намалени дури до 35 отсто, најави црногорскиот министер за туризам Предраг Ненезиќ.

-Планираме во ова година да ги намалиме цените од 10 до 35 отсто, истакна Ненезиќ,

прецизирајќи дека процентот на намалување ќе зависи од тоа дали аранжманите ќе бидат во предсезона, за време на летото, или по главната сезона.

Тој информираше дека се планирани повеќе мерки за олеснување на работата на туристичко-угостителски компании во Црна гора, од намалување на даноците, до разни субвенции за плаќање на струја и комунални услуги.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.