Охрид

Делегација од општина Чанкаја, Турција, предводена од директорот за надворешни работи, Етхем Торуноглу, денес, беше во посета на општина Охрид. Делегација оствари работна средба со заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и германски јазик.

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица, Куратица оваа година има со што да се пофали. Овој голем празник кој секоја година традиционално се одбележува во истоимената црква, годинава ќе биде збогатен со многубројни активности но и новитети кои се збогатени од страна на донации во селото.

Денеска во 13:00 часот градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески заедно со неговиот тим на соработници пред многу присутни го презентираше тригодишниот период и сработеното во него.

 

Ние, активистите на ОхридСОС сме згрозени од последните труења на животни во Охрид и Струга и би сакале да изразиме сериозна загриженост за незаконското расфрлање отрови на територија каде живеат ретки и ендемски видови флора и фауна од огромно еволутивно значење и кои играат огромна улога во опстанокот на локалните екосистеми.

 

На неколкуте состаноци одржан во текот на март 2016 год. УО на СВП едногласно ја донесе следната О Д Л У К А

 

 

НАГРАДАТА „МОСТОВИ НА СТРУГА“ ШТО ЈА ДОДЕЛУВААТ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА И УНЕСКО ДА Ѝ СЕ ДОДЕЛИ НА РУНА СВЕТЛИКОВА, ПОЕТЕСА ОД БЕЛГИЈА ЗА КНИГАТА ОВАА МЕКА БЕЛА СОБА

 

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

 

Наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО. Во изминатите години се избори за високо место меѓу поетските награди на светско ниво и стана една од најпосакуваните награди на поетите – дебитанти, која широко им ги отвора понатамошните патишта на творечка афирмација. Тоа го покажа и годинашниот интерес за неа и на адреса на СВП пристигнаа 21 книга од 17 земји. УО и дирекцијата на СВП констаираа дека пристигнатите книги се со исклучителен квалитет и дека конкуренцијата за наградата во 2016 година е на највисоко од самото востановување на наградата.

 

Од пристигнатите книги по своите поетски остварувања се издвоија книгите:

 

 

1. Линли Едмеадес, Нов Зеланд - (Лѕнлеѕ Едмеадес- “Ас тхе Верб Тенсес”);

 

2. Руна Светликова, Белгија - (Руна Светликова – “Дезе зацхте њитте камер” – “Паддед Њхите Роом” )

 

3. Сара Елиза Џонсон, САД - ( Сара Елиза Јохнсон-“Боне Мап”)

 

4. Хуан де Фроно, Колумбија – (Јуан де Фроно - “Ел цоро бланко” - “Тхе Бланк Цхорус”)

 

5. Габриел Говеа Акоста, Мексико – (Габриел Говеа Ацоста – “Ноцтарио”

 

Беше контатирано дека сите книги се зрели остварувања на автори, со високи уметнички и естетски вредности. Управниот одбор одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга која ја доделуваат СВП во соработка со УНЕСКО да ѝ се додели на Руна Светликова за автентичниот поетски ракопис во Оваа бела соба. Поетската книга на Руна Светликова е дебитантско ремек дело кое содржи зрели песни кои навестуваат творечка појава која ќе биде неодминлива и во Белгиската/фламанската литература, но и во целокупната европска, па и светска. Оваа награда ќе биде дополнителен поттик во нејзиниот творечки развој и придонес во распространување на поетските вредности на нејзиното творечко остварување за кое и е доделена.

 

Не можејќи да ја прикријат сликата на  инфериорност и дијаметрална  различност  во работењето помеѓу оваа и минатата локална власт, а фрустрирани од многубројните реализирани  проекти кои секојдневно се презентираат во јавноста, СДСМ- Охрид денес како и три години наназад се обиде преку замена на тези да го прикрие девастирачкото однесување кое беше одлика  на нивното 8 годишно брутално уништување на вредностите на градот.

Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески се повеќе доаѓа до израз.
Се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни.

 

Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) младите волонтери на Црвен крст Охрид, на 2-ри Април, од 12 часот, на Градскиот плоштад ќе организираат хуманитарен хепенинг со цел одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот. Во соработка со Регионалната занаетчиска

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.