Охрид

Децата од основните училишта и градинката, денес, на градскиот плоштад приредија хепенинг по повод 1-ви април денот на шегата.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска  официјално ја  пушти во употреба реконструираната улица „Кирил  и Методиј во стариот дел  на Охрид.
 Проектот е позитивен за жителите од овој дел на  градот  со оглед на тоа што ќе се движат и сообраќаат на уредена улица која воедно  ја подобрува и туристичката слика ако се земе во предвид дека старото градско јадро е најмногу посетувано од туристи во сите периоди од годината. 

По барање на комунална инспекција се расчисти шумата помеѓу двете патчиња кои водат до саат кулата каде што беше направена дива депонија предизвикана од несовесноста на населението.

Во организација на Министерството за финансии и општина Охрид, поладнево се одржа јавна презентација на проектот „ Купи куќа за млади“ . Во преполната голема сала на општина Охрид, беа претставени погодностите на проектот и условите за аплицирање, а секретарот на општина Охрид Димитар Спасески ги образложи преземањата на Локалната самоуправа за понудата на плацеви и други форми за полесно решавање на стамбеното прашање на младите.

По иницијатива на Секторот за внатрешни работи - Охрид вчера се одржа средба на раководните лица од полицијата со охридските угостителски работници.
Целта на овој работен состанок беше интензивирање на меѓусебната соработка, поблиска и поредовна комуникација,

Со налог на комунална инспекција вчера екипите на Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” извршија чистење на депонија создадена од околните куќи во населбата Гоце Делчев (под бараките). Ангажирани беа 4ца работници при што беше собран 1 трактор отпад.

Денеска свечено беше пуштена во употреба ново асфалтираната улица „Сирма Војвода“ во Охрид. Реализацијата на проектот значеше  крај на долгогодишните проблеми на жителите од Болнички комплекс кои во зима одеа по кал а во лето низ прав.

Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска направи увид на завршните  активности за уредување на  кружниот тек на пресекот од булевар  „Туристичка“ и улица  „Македонски Просветители“.

Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 10 до 13 часот ќе се одржи во службените простории на СВР Охрид.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.