Охрид

Јавните претпријатија на терен, се санираат последиците од невремето
Кризниот штаб и јавните претпријатија на Општина Охрид викендов се постојано на 
терен и се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот.

Градоначалникот на  Општина Охрид, д-р Јован Стојаноски денес  на прес конференција даде Отчет за сработеното во првите 100 дена од неговиот мандат.  Тој  посочи дека станува збор за дел од  реализираните и проекти кои се во тек, истакнувајќи дека во иднина ќе биде направено уште повеќе.

Младите на Црвен крст Охрид ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист Тоше Проески со  хуманитарна забава.

Иван Лоте е среќниот фаќач на крстот во Охрид. Бог се јави.

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски присуствуваа на богослужбата по повод Богојавление во црквата Св. Богородица Каменско.

ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Богојавление - ВОДИЦИ донесе одлука на ден 19. 01. 2018 година ( петок ) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисуваме да биде бесплатно за сите нејзини корисници од 8 до 15 часот.

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ денеска беше отворена изложбата на фотографии од Охрид во голем формат.

Вечер за паметење - Концерт на Љубојна за Стара Нова година во Охрид„Излегу да се мамо рашета“, „Твојте очи Лено“ и многу други големи хитови,испеани од грлото на Вера Милошеска синоќа направија Охрид да доживее уште една вечер за паметење со настапот на групата Љубојна.
Еден од најоригиналните домашни музички состави настапи на Градскиот плоштад како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и прославата на празникот Стара Нова година - Василица.
Охриѓани, но и гостите кои ги имаше во голем број во регионот и поради Карневалот во Вевчани од вчера и денешниот во Куратица, уште еднаш покажаа дека се „гладни“ за вакви настани и ги охрабруваат организаторите да продолжат со новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период од годината во Охрид кој се покажа како полн погодок. Сите
манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во оби за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
На малата сцена на Градскиот плоштад, денес од 12:00 часот, настап имаат
членовите на КУД „Бисери“, а на новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет од 13:00 часот ќе се одигра новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид со кој преку глума, пантомима и музика ќе се испрати силна порака за мир,
хуманост и толеранција.
Следуваат и Трката на келнерите, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност… На 19-ти јануари за големиот верски празник Водици на големата сцена на Градскиот плоштад ќе настапи групата „Фолтин“, со што ќе биде крунисана целата
манифестација.

Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стоајноски денес одржа работна средба со претставници од Хотелската Асоцијација на Македонија,

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.