Охрид

Во Велестово утре и задутре  ќе се одржи  21-то издание на  културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово".

Започнува уште едно успешно издание на една грандиозна културна манифестација на која ќе беседат македонските поети беше најавено на денешната прес средба со новинарите свикана од основачот и организатор на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово" , писателот Славе Ѓорго Димоски и градоначалникот Александар Петрески.

Жителите на Г. Лакочереј и населбите кои гравитираат на тој дел од општината  ќе го добијат одамна посакуваното. Проблемите со сообраќајната комуникација и директно поврзување со патниот правец Охрид - Битола, наскоро ќе им станат минато.

- Граѓаните се свесни дека Владата на ВМРО ДПМНЕ доби висока оценка за спроведената децентрализација во Република Македонија и тоа е еден од важните процеси кои овозможија и визна либерализација и прогрес во европските интеграции. Останува само нејасно како тоа сите го поддржуваат тој процес а баш општина Охрид го оспорува. Очигледно не е нешто во ред со функционирањето на општина Охрид. Но воопшто не е и во ред вработените во локалната, во недостиг на објаснување за нереализираните ветувања, за хаосот на којшто го изложија Охрид, да пишуваат соопштенија како луѓето да не се свесни што било ветено а што е остварено.

Во врска со објавеното соопштение на ОК ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на градоначалникот Александар Петрески околу содржината на разговорите со Амбасадорот ан САД, Филип Рикер, Кабинетот на градоначалникот ја упати следната реакција:

Вчера во канцеларијата на Младински Совет - Охрид се одржа работна средба на која присуствуваа Претседателот на МСО и програмските координатори и Амбасадорот Рикер со неговите соработници.

На средбата од страна на претседателот на МСО, Димче Каневче беа презентирани актуелните програмски и проектни активности, како и предизвиците кои се појавуваат од работењето со и за младите, како и плановите на здружението за наредниот период.

Во текот на вчерашниот ден четиригодишно девојче е тешко повредено при пад од зграда во центарот на Охрид.

Немилиот настан се случил во попладневните часови околу 16 часот  на ул.„Димитар Влахов" во зградата на Карадак и бил пријавен во полицијата од страна на очевидец кој го забележал падот.

Добитник на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго"е познатиот писател и новинар Блаже Миневски, кој победи со расказот „Слово горко слово жалосно".

Денеска во кабинетот на градоначалникот, претседателот на интернационалната Академија „Михаил Еминеску" од Крајова, Република Романија, Јон Деканеску му ја врачи на градоначалникот Александар Петрески престижната Европска Награда за придонес во културата.

Состојбата во општина Охрид, работата во ЗЕЛС, децентрализацијата на власта како и за тоа какви се односите во централната власт беа главни теми на денешната работна средба на амбасадорот на САД во РМ Филип Рикер и градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Треба искрено  да се зборува за интересите на државата и само со искрени пријатели изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Петрески.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.