Охрид

На сцената на Долни сарај вечерва почнува 16-тото издание на „Охрид-фест - Охридски трубадури", манифестација на која главната награда е спот во вредност од 20.000 евра. Победникот ќе го снима видеозаписот со Енвер Пушка, познат босански режисер од „Солид стејт продакшн".

Денес во 12,30 часот, со скромна, пригодна свеченост министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ќе ја отвори Народната кујна во Охрид, лоцирана во Студентскиот  дом  ,,Никола Карев,,.

СВР Охрид, по претходна координација со охридското Обвинителство, поднесе кривична пријава против Христијан Шапкар, роден 1978 година од Охрид, осомничен дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„ Успение на Пресвета Богородица " е голем христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август, или 15 август по стариот календар.

МХ - Радио и МХ Портал неофицијално дознаваат дека утрово околу 10 часот стружанецот П.Ш, сопственик на фабрика за пластика со неколку истрели од огнено оружје ја усмртил сопругата Г.Ш.

Убиството се случило во месноста  „Езерски лозја“ кај Струга.

По карантинот и извршената патолошка контрола во мрестилиштето Шум во Струга, денес кај Градското пристаниште  во водите на Охридското Езеро беа пуштени околу 25 илјади единки на млади јагули со просечна тежина од 32  грама.

Во трите охридски средношколски центри во учебната 2009/10 можеа, според распишаните конкурси, да се запишат вкупно 1044 ученици од кои 442 во ОСУ „Свети Климент Охридски", 364 во ЕМУЦ „Сцети Наум Охридски" и 238 во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески".

Претстои  незаборавен викенд исполнет со забава, фолклор, презентации, продажба и ликовно творештво, најавуваат од локалната самоуправа, која е коорганизатор на претстојните манифестации.

Постапката за набавка на преносни компјутери (лап-топ компјутери) за членовите на Советот на општината, по јавното отворање на понудите кое се изврши на 17. овој месец, е во фаза на привршување на целокупната постапка, согласно законската процедура,  од страна на комисијата за јавни набавки при Општината, соопштуваат од Локалната.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.