Охрид

Советот на општина Охрид денеска одржа вонредна комеморативна седница по повод големата трагедија што во саботата се случи во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Елешец".

Жителите на Елешец кои учествуваа во спасувањето на преживеаните од хаваријата на бродот „Илинден", денеска напладне на плажата положија цвеќе и запалија свеќи за покој на душите на удавените бугарски туристи.

Роднините на 15-те бугарски туристи, кои го загубија животот во завчерашната несреќа при потонување на бродот „Илинден" во Охридското езеро, се на пат кон Скопје, каде што попладне треба да извршат идентификација на своите најблиски. На пат кон Скопје се 13 роднини на загинатите бугарски државјани, осум од село Антон, четири од Припдол и еден од Мирково.

Акцијата за извлекување на бродот „Илинден" што завчера потона на дното на Охридското Езеро и со себе однесе 15 животи, најверојатно нема да се изведува ниту денеска.

Вчера градоначалникот Александар Петрески, свика итен состанок на Општинското Координативно Тело на кој се разгледа ситуацијата по трагичната езерска несреќа. Констатирано беше дека, општината Охрид и нејзините служби и јавни претпријатија, максимално биле ангажирани во пружањето помош на настраданите и  целосна  материјална и логистичка поддршка на  државните органи. Донесена беше одлука сите свечености по повод Националниот празник, 8 септември да бидат прекинати, како морален чин и почит кон настраданите бугарски туристи.

Советот на општина Охрид денеска ја одржа шестата седница во траење од само половина час. Според дневниот ред предложен со решението за свикување на седницата беа предвидени 20 точки но советниците расправаа само по пет точки од дневниот ред.

Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со Полициската станица и Оделението за превенција, денeска во  зградата на Охридската територијалната противпожарна единица, го одржаа  вториот работен состанок со учество на претставници на Спортските клубови,Општинскиот фудбалски сојуз, комесарите за безбедност во спортот како и претставници на навивачката група ,,Рибари“.

Советот на општината, утре со почеток во 10 часот, ќе ја одржи шестата седница. Според дневниот ред предложен со решението за свикување на седницата, советниците ќе расправаат и одлучуваат по 20 предлог- одлуки.

МХ - Радио и МХ портал дознава дека вчера пред хотелот „Гарден“ во 16.45 часот од страна на граѓанин, СВР Охрид телефонски е известен дека е забележано мртво тело на давеник. Веднаш по телефонското известување СВР Охрид излегле на местото на настанот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.