Охрид

„ Успение на Пресвета Богородица " е голем христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август, или 15 август по стариот календар.

МХ - Радио и МХ Портал неофицијално дознаваат дека утрово околу 10 часот стружанецот П.Ш, сопственик на фабрика за пластика со неколку истрели од огнено оружје ја усмртил сопругата Г.Ш.

Убиството се случило во месноста  „Езерски лозја“ кај Струга.

По карантинот и извршената патолошка контрола во мрестилиштето Шум во Струга, денес кај Градското пристаниште  во водите на Охридското Езеро беа пуштени околу 25 илјади единки на млади јагули со просечна тежина од 32  грама.

Во трите охридски средношколски центри во учебната 2009/10 можеа, според распишаните конкурси, да се запишат вкупно 1044 ученици од кои 442 во ОСУ „Свети Климент Охридски", 364 во ЕМУЦ „Сцети Наум Охридски" и 238 во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески".

Претстои  незаборавен викенд исполнет со забава, фолклор, презентации, продажба и ликовно творештво, најавуваат од локалната самоуправа, која е коорганизатор на претстојните манифестации.

Постапката за набавка на преносни компјутери (лап-топ компјутери) за членовите на Советот на општината, по јавното отворање на понудите кое се изврши на 17. овој месец, е во фаза на привршување на целокупната постапка, согласно законската процедура,  од страна на комисијата за јавни набавки при Општината, соопштуваат од Локалната.

До почетокот на идниот месец ќе биде предадена во употреба новоизградената пешачка патека од подножјето на „Калето" - од страна на населбата Кошишта - од улицата „Кирил и Методиј" до платото пред „Горна Порта" соопштуваат од локалната самоуправа.

На 21 и 22 август,петок и сабота по петти пат во Охрид ќе се одржи Фестивалот на вино и сирење.

На оваа оригинална дегустаторско-продажна манифестација и оваа година 20 - тина мали производители на вино и сирење ќе ги понудат своите производи на дегустација и директна продажба.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска  оствари работна средба со градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.