Охрид

 

Во Основното училиште „ Григор Прличев“ , утре на 30 септември  (среда), со почеток во 10 часот, ќе се одржи презентација на проектот „ Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“ .

 

Во текот на вчерашниот ден започнаа, а денес 29.09.2015 година продолжуваат активностите на работните екипи на ЈП „Градски ГробиштаOхрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од  селото Радолишта.

 

Продолжува дезорганизираното и дезориентирано однесување на СДСМ- Охрид. Навистина е тешко човек да извлече некаков логичен заклучок за нивното однесување.

 

Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот којшто им припаѓа на сите граѓани буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата.

 

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (21) од Гостивар, лице кое се бараше со потерница за издржување казна затвор.

 

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод верскиот празник  Курбан Бајрам, упати честитка  до верниците од исламска вероисповед, во која посакува, празникот да го прослават во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.

 

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

 

Со почеток во 08:00 часот изутринава, започна првиот кајакарско-веслачки маратон Струга- Охрид во должина од 14 киломери. Првиот кајакарски пар на целта пристигна за 51 минута и 56 секунди, а првиот сам веслач пристигна само 1 минута подоцна со време од 52 минути и 41 секунда.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.