Започнуваат акциите за расчистување на плажите во Охрид

Објавено во Охрид Сабота, 31 Март 2018 07:13

Сабота со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „ НЕМО“ , ќе започне акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до  каналот „ Студенчишта“.

Расчистувањето на јавните површини ќе се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“ .

По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на  чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона. 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.