Закажана првата седница на Советот на Општина Охрид

Објавено во Охрид Среда, 01 Ноември 2017 09:17

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид

  („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува:
 
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид на ден 01.11.2017 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
            Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
            За седницата го предлагам следниот:
 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.      Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.
 
2.      Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.
 

    СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
                                                                                                          Претседател
                                                                                                    Гордана Коњановска

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.