Вториот плоштад во Охрид претворен во пазар

Објавено во Охрид Вторник, 25 Јули 2017 09:50

Плоштадот кај местото викано "минимаркет" во континуитет се претвора во пазар за овошје и зеленчук. Надлежните се прават и глуви и слепи и нема никаква реакција за девијантните случувања во овој дел на Охрид.

Узурпирањето на простор станува пракса иако се предвидени високи казни има навика на многумина да го прават тоа, но е и дел во искривувањето на сликата за туристичко место на високо ниво. Наместо овој дел да виде дополнување на убавините на Охрид , се прави сосема поинаква слика од тоа што треба да биде.

Жителите со поставување на огради со мрежа стравуваат од подметнување на пожар и привлекување на штетници и глодари. Станарите во изминатиот период на неколку пати имаат преземано мерки преку центарот за јавно здравство третирање и заштита од глодари.

Инспекциските служби не реагираат на овие девијантни состојби .

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.