ВМРО ДПМНЕ прес: Се бориме за здрава животна средина

Објавено во Охрид Петок, 29 Септември 2017 14:27

Одиме напред, одиме сложно и заеднички, чекориме гордо и достоинствено.
Градиме, градиме, градиме. Нова ера за Охрид.
Нов парк „Студенчишта“!

Сакам да зборувам од името на охриѓани затоа што сум за здрава животна средина, паркови, зеленило. Продолжуваме.
Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со уредувањето нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот.


Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до ресторанот „Котва“, да се изгради нов парк со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно-уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици.
Овој парк „Студенчишта“  ќе  биде ново препознатливо место за Охрид. Целта на овој проект е дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро.
Со уредување на паркови на влезовите на Охрид ќе се придонесе за разубавување на ликот на просторот на самиот влез на градот.
Јас сум убеден дека ја препознавате нашата визија, новата ера за Охрид!
Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за охриѓани.
Имаме одлична програма и ја гледате разликата!

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.