ВМРО ДПМНЕ прес: Најавуваме детски и спортски игралишта за сите +ВИДЕО

Објавено во Охрид Среда, 04 Октомври 2017 16:57

Спорт за сите. Забава за сите. Здрав живот за сите!
Досегашната практика на инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации и за правилен физички развој, постојано се докажува како највредна инвестиција корисна за сите граѓани.

Во таа насока најавуваме нов ПРОЕКТ:
ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА на повеќе локации во градот!
- Изградба на спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани
Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет и осветлување според најсовремени спортски стандарди, изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште.


- Спортско и детско игралиште во Долно Коњско
Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет како и осветлување според најсовремени спортски стандарди. Изградба на детско игралиште опремено со детски реквизити.
- Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште во Пештани
Целосна реконструкција на постојното спортско игралиште и изградба на трибински простор како и осветлување според најсовремени стандарди.
- Изградба на балон сала и повеќенаменско спортско игралиште во Урбана Заедница „Железничка“
Изградба на спортски балон за фудбал со вештачка трева  и повеќенаменски терен со сите реквизити во населбата Железничка.
Продолжуваме посветено да работиме во интерес на охриѓани!
Вие ја препознавате нашата грижа кон Вас. Тоа е наш долг и наша обврска.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.