ВМРО ДПМНЕ прес: Ќе го вратиме автентичниот изглед на Охридската чаршија

Објавено во Охрид Понеделник, 09 Октомври 2017 21:03

Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура н`е издвојува, но и н`е соединува со Светот.

Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции.
Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон:
- Изработка на стратегија и акционен план за реконструкција и замена на дограма и излози во охридската чаршија
(замена на традиционални типови дограма)
Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија, преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници за уредување на угостителски тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традициоанална висококвалитетна дограма.
- Типизирани тезги
Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено-продажен простор во Чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашни тезги на строго определени локации на градот.

- Поставување на рекламни билборди со фотографии од стар Охрид
Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието не само на туристите туку и на граѓаните на Охрид, со цел враќање во времето низ еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градот. Билбордите ќе се постават на повеќе локации од градот со автентични фотографии како сведоштво за изгледот на градот во минатото.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.