ВМРО ДПМНЕ прес: Ќе го реконструираме кејот

Објавено во Охрид Вторник, 03 Октомври 2017 17:36

Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија.

Место каде што се судираат античката и историската култура со модерната и современа култура. 
Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација.

Со новиот проект: ИЗГРАДБА НА КЕЈ

Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор.
Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика. Проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши замена на бехатон плочките, да се отстрани и да се постави нова инсталација. Ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик.

Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште во кое охриѓани и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште по препознатливо место и туристичка дестинација. 

Секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид! 
Имам визија За Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет, и затоа нека бројот 13 биде единствениот избор за вистинскиот сјај на Охрид!

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.