ВМРО ДПМНЕ прес: Ќе ги завршиме реконструкциите на образовните институции и ќе започнеме нови +ВИДЕО

Објавено во Охрид Понеделник, 02 Октомври 2017 19:46

Денеска пред Охридската гимназија пресконференција одржаа ВМРО ДПМНЕ. Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ.
Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот.

Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада, столарија, олуци) ОУ „Бртаство Единство“ (Крст-Џамија и Лескајца), реконструкција на покрив во ОУ „Ванчо Николески“ - Лескоец, реконструкција на санитарни јазли и фасада во ОУ „Живко Чинго“-Велгошти, покрив и санитарии во ОУ „Кочо Рацин“, санација на санитарни јазли во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“, Реконструран централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и отворени градинки во Пештани, Лескоец, Велгошти, Црногорци.

Образование. Образование. Образование!
Токму затоа, ние на огромно задоволство ќе го спроведеме проектот за:

РЕКОНСТРУКЦИЈА ИЛИ ДОУРЕДУВАЊЕ НА ГРАДИНКИ, ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА!

Проектот има за цел да ги подобри просторните услови во училиштата и градинките со што ќе се придонесе за обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Истото резултира со правилен психо-физички разввој на учениците и соодветно едукативно профилирање низ едукативниот процес.

- Реконструкција на дограма, поткровје и опремување со мебел и реквизити на новиот дел од Гимназијата
- Реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“
- Реконструкција на училиштето во Долно Коњско
- Реконструкција на училиштето во Елшани (покрив, фасада и столарија)
- Реконструкција на санитарии на ОУ „Братство Единство“
- Реконструкција на градинките: Росица, Развигорче и Лихнида

Ние заедно со граѓаните преку заедничките идеи воведуваме нови стандарди во воспитно-образовниот процес со цел овозможување модерен и современ образовен систем. Само образовано население во здрави услови  може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното дигитализирано општество.
ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е на страна на граѓаните.

Секогаш охриѓани, Секогаш работа, Секогаш Охрид!

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш политиките што ги води и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на охриѓани.

Препознавајќи ја работата охриѓани на 15 октомври ќе ја дадат поддршката за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како и за Д-р Митко Тилевски за иден  градоначалник на Охрид за победа уште во првиот круг.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.