ВМРО-ДПМНЕ бара споменик на Св.Наум во Охрид

Објавено во Охрид Среда, 22 Јули 2009 10:47

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Цветко Грозданов, вчера побараа поставување на споменик на свети Наум  пред рибниот ресторан кај Летница во близина на споменикот на Светите Кирил и Методиј.

Тие сметаат дека неговото поставување во близина на споменикот на Свети Климент Охридски на централниот градски плоштад е од исклучително значење за Македонија, а во чест на големиот црковен деец и просветител..

Иницијативата ќе биде доставена до Министерството за култура од кое се очекува позитивен одговор. Николоски и Грозданов очекуваат соработка од Советот на Општината и се надеваат дека ќе ја изготви потребната маркичка за изградба на споменикот.

Според пратениците целта е со споменик на Свети Наум, да се заокружи споменичкиот комплекс во центарот на Охрид, каде се Свети Климент Охридски, светите Кирил и Методиј и неколку помали споменици.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.