Викенд „акција“ на ЈП Охридски Комуналец во дворот на директорката Елена Скрческа +ВИДЕО

Објавено во Охрид Понеделник, 27 Март 2017 09:25

Викендов се одржа акција за средување приватен двор на ул. 8-ми Септември во Охрид. По наредба на директорот на ЈП Охридски Комуналец традиционално се одржа средување на приватниот двор за кој до објавувањето на текстот немавме информација дека е извршена уплата за хортикултурно уредување на двор.

Дали директорката со ангажирање на работници кои на снимката се гледа дека се во работна униформа, вработени во ова јавно претпријатие ја користи својата положба и максимално ги искористува сите можни ресурси за лични и приватни цели?

Дали истата го погледнала ценовникот на претпријатието дека за ангажирање за средување на двор се наплаќа?

Има многу прашања но нема одговори!

Имено, додека Охрид е со преполни контењери и во општ хаос со одржување на хигиена и слаба координација „традицијата“ продолжува во овој двор. На снимката се гледа како се врши режење на дрва но и како едно лице ја ора бавчата 2м х 2м. но не се гледа што се посади, дали ке никне разум и свест или пак ке никне нешто ново да се променат свеста и разумта ако воопшто барем малку постојат.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.