Вечерна богослужба по повод празникот Св. Наум Охридски

Објавено во Охрид Сабота, 30 Јуни 2018 07:12

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2. јули  2018 година (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид,

со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г.Тимотеј.

3. јули 2018 година (вторник), со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.