Тешка сообраќајна незгода кај Арбиново

Објавено во Охрид Среда, 25 Јули 2018 06:43

Едно лице го загуби животот а други пет имаат телесни повреди, по сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 55 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Арбиново.

 

 

На 23.07.2018 година во 19,55 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од А.К. (32) од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од с.Велешта-струшко, а со живеалиште во Р.Германија. Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23,40 часот починал. Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ - Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.