СВР Охрид со проект против пукање на свадби и веселби

Објавено во Охрид Четврток, 23 Јули 2009 10:34

СВР Охрид ќе иницира проект со широк спектар на превентивно - репресивни мерки согласно постојните законски правила и прописи. Целта на проектот е намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје на свадби и други семејни веселби.
Овој проблем, како и опасностите кои произлегуваат од него во прв план ќе биде актуелизиран во координација со локалната самоуправа и локалните совети за превенција, подрачните единици на повеќе Министерства, советодавните групи на граѓани и други асоцијации. Превентивниот сегмент ќе содржи и интензивен контакт со сопствениците на угостителските објекти, со хотелско - туристички работници и со организаторите на семејните прослави. Со едукативно - промотивен материјал ќе бидат посочувани несаканите последици од неовластеното пукање како и законските санкции согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и одредбите на Кривичниот законик на РМ.

Според евиденцијата на СВР Охрид, од почетокот на оваа година регистрирани се пет нарушувања на јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Против сторителите поднесени се соодветни пријави и одземање на оружјето со кое го сториле кривичното дело.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.