СВР Охрид практично го реализира проектот „ Да се заштитиме од кражби “

Објавено во Охрид Среда, 22 Јули 2009 09:32

 

СВР Охрид деновиве отпочна со практична реализација на проектот „ Да се заштитиме  од кражби ". Основата на проектот е превентивно-едукативната линија и подобрување на општата безбедносна состојба на подрачјето. Инспектори од оделението при СВР Охрид заедно со активисти на Црвениот крст од Охрид вршат дистрибуција на флаери и друг пропаганден материјал со корисни совети и насоки за поефикасна заштита на личната сопственост од кражби.

Проектот е подржан од Општина Охрид која финансира печатење на 16000 флаери а со посредство на ОБСЕ тие се печатени и на англиски јазик. Дистрибуцијата на флаерите се врши и преку велосипедската полициска патрола, спасувачите на плажите, куќните совети, советодавни групи граѓани и сл.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.