СВР Охрид ќе се вклучат за помош на семејството Садик

Објавено во Охрид Среда, 11 Јануари 2017 19:47

 

Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото семејство Садик од Охрид, чија куќа и покуќнина изгореа во пожар.

 

 

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства и нивно уплаќање на наменската жиро сметка во Охридска банка. На овој начин сакаме да бидеме дел од граѓаните и институциите кои се приклучија во помош на семејството Садик во нивните напори за обнова на семејниот дом.

 

Оваа акција, СВР Охрид и граничната полиција регионален центар Запад ја организираат по иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.