Спорт и култура,иднина на нашиот регион!

Објавено во Охрид Вторник, 19 Јуни 2018 06:52
Изминатиот викенд 16 - 17 јуни ( сабота-недела) во организација на ЈП Билјанини Извори а со финансиска поддршка на SWG ( Regional Rural Development Standing Working Group ) во соработка со ЕУ се реализираше проектот Спорт и Култура, иднината на нашиот регион.
Проектот имаше за цел да социјализира-дружи три фудбалски клубови од три различни градови ( Охрид, Корча и Струга ) и при тоа ние како организатори за да го постигнеме тоа ги избравме универзалните социјални инструменти спортот и културата.
Заедно ги посетивме Заливот на коските, стариот дел на градот и оддржавме фудбалски турнир на кој натпреварувачкиот дух имаше најмало значење за сите нас кои бевме дел од реализацијата на овој проект.
Овај проект е прв меѓународен проект за ЈП Билјанини Извори и успешната реализација на истиот ни дава за право да се ангажираме и фокусираме на уште поголеми проекти кои ќе донесат повеќекратен бенефит за ЈП Билјанини Извори а со тоа и за нашиот град.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.