Сообраќајна незгода кај Св. Еразмо

Објавено во Охрид Петок, 30 Март 2018 06:48

Три лице се повредени во сообраќајната незгода што денеска во 08 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на манастирот „Св.Еразмо“ .

 

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил  „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид-совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. Повредените, возило на брза помош се пренесени во болница за укажување на лекарска помош истите задржани на натамошна опсервација.

 

Неезгодата се случила при разминување на двете возила кои по магистралниот пат доаѓале од спротивни правци. Притоа,  дошло до меѓусебен судир при што излетале надвор од коловоз. По овластување од Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, полициски службеници извршија увид пришто, сообраќајот наизменично се одвиваше со наизменично пропуштање на моторните возила.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.