Се асфалтира патниот правец Вапила - Косел

Објавено во Охрид Четврток, 12 Април 2018 15:58

Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел - Вапила во должина од 2километри и 200метри. Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.

Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е  вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид  ги обезбеди во соработка    со Светска Банка и Фондовите од  Европската Унија.

Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.