СДСМ Охрид прес: Со создавање адекватни услови ќе се развива спортски туризам во Охрид +ВИДЕО

Објавено во Охрид Вторник, 10 Октомври 2017 17:01

Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреација, е постоењето на доволен број спортски објекти. Работата на спортските организации е невозможна, без адекватен спортски објект.

За таа цел, создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти, кои ќе бидат физичка, функционална и техничко-технолошка целина со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за различни спортски активности.
Со вложувањето во модернизација на спортските објекти, ги подобруваме условите за развој на спортот во Охрид, работењето на клубовите и развој на спортскиот туризам. Со создавање адекватна спортска инфраструктура, го остваруваме сонот на секој охриѓанец, покрај ракометот и кошарката, да имаме и други квалитетни екипи кои ќе бидат во врвот на македонскиот спорт. Дополнително, го зголемуваме бројот на домашни и странски екипи кои доаѓаат на подготовки во Охрид.


Во спортот вложуваме и преку новите училишни спортски сали кои ги предвидуваме во основните училишта „Братство Единство“ во Лескајца, „Кочо Рацин“, потоа „Ванчо Николески“ во Лескоец и стручното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Правилниот раст и развој на децата преку спортување е од повеќекратно значење. Натпреварите на спортските училишни тимови во општински и регионални лиги, привлекуваат голем број деца да спортуваат и да изградат здрав дух и здраво тело. Со овие инвестиции, многу деца добиваат можност за секојдневни спортски активности. Организираме и месец на спортот кога спортските објекти низ градов, ги отвораат своите врати за бесплатно спортување на младите во текот на месецот на спорт.
Обезбедуваме спорт за сите.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.