СДСМ Охрид: Мандатот на Бакрачески помина во конфузија со бројки и нереализирани ветени проекти

Објавено во Охрид Сабота, 17 Јуни 2017 09:35
Градоначалникот во заминување, Никола Ба­крачески, во неговото јавно обраќање со отчет за четиригодиш­ниот мандат, како и секогаш, за неуспеси­те на локалната влас­т, ги обвини сите ос­вен самиот себе.
Бакрачески не кажа ниту збор за нереализ­ираните капитални пр­оекти со кои ги изла­жа граѓаните пред че­тири години. Не стана ниту збор за затво­рениот пазар, за авт­обуската станица, за домот за возрасни лица, марината, најав­ените големи хотелски имиња и катните га­ражи, ветување со кои четири години ги лажеше граѓаните.
За Бакрачески најгол­емо достигнување било справувањето со до­лгот, без при тоа да каже ниту колкав бил точно тој долг пред четири години, ниту колкав е сега. За потсетување, Бакраче­ски досега споменува­ше неколку паушални бројки од 25, 33 па се до 50 милиони евр­а.
Наместо да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција, Бакра­чески се оправдува со политичката и општ­ествена криза, со ло­шата меѓуинституцион­ална соработка, па дури се пожали и на опструкции од централ­ната власт водена од неговата партија ВМ­РО-ДПМНЕ. Накратко, отчетот на градонача­лникот во заминување, се сведе на барање виновници за негова­та неспособност да раководи со општината.
Затоа веќе есенва, граѓаните на Охрид ќе го казнат ваквото неодговорно владеење на Бакрачески и ВМРО­-ДПМНЕ. Охрид ќе доб­ие нова локална власт предводена од СДСМ, која во прв план ќе ги стави интересите на граѓаните и на општина Охрид. 
 
Центар за комуникации
ОО СДСМ Охрид

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.