Пукотници од огнено оружје во Охрид

Објавено во Охрид Недела, 10 Декември 2017 17:41

Едно лице е рането во пукотница што попладнево се случи во Охрид, во близина на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“.

Полицијата го потврди инцидентот без притоа да даде детали за случајот, освен дека повредениот се наоѓа надвор од животна опасност.
Екипи на крим-техника вршат увид на лице место, како и други оперативни мерки за расветлување на случајот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.