Програма за општинско корисна работа

Објавено во Охрид Вторник, 04 Септември 2018 22:37

Во Програмата за општинско корисна работа  која е дел од проектот ,,Сите деца се со еднакви права “ е вклучена и општина Охрид .

На денешната промоција на проектот, на која присуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски ,  беше речено дека целта е  да се овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно работно ангажирање на определено скратено работно време, поради стекнување на одредени вештини  и со можност за стручно оспособување и постепено вклучување на пазарот на труд.

Со проектот ќе бидат ангажирани  десет образовни асистенти и еден личен асистент, кои  на децата со попреченост, кои посетуваат редовна настава ,ќе им овозможат дополнителна помош во совладување  на наставната програма и дополнителна помош во движењето низ училиштето.

Проектот ќе го имплементира општина Охрид во соработка со Агенцијата за вработување , Центарот за социјални работи од Охрид и Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Партнери во проектот се и ОУ ,,Христо Узунов “ , ОУ ,,Климент Охридски” , ОУ ,,Братство Единство”  и ОУ ,,Глигор Прличев” од  Охрид.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.