Проекција на холандски филмови во Охрид

Објавено во Охрид Вторник, 21 Јули 2009 14:54

По завршувањето на фестивалот на францускиот филм од денеска до 26 јули Охрид повторно ќе блесне во сјајот на уште една манифестација поврзана со филмот.

Станува збор за проектот "Високи достигнувања  од ниската земја ( Холандија)", кој го организира Здружението на граѓани "Јавна соба" од Скопје, во соработка со фестивалот "Охридско Лето", Центарот за култура "Григор Прличев" и Општина Охрид.

 

Годинешното издание на холандски филмови ќе го отвори  Рада Шешиќ, селектор на програмата од Холандија. Таа на денешната пресконференција соопшти дека оваа манифестација нуди одбрано летна и на хумор базирана филмска програма која има за цел до солзи да  ја насмевне домашната но и странската публика. Полска невеста, Кармен го сретнува Борат, Еротски приказни, Симон, Црна Книга се дел од програмата на холандски филмови. Сите филмови се добитници на награди на меѓународни филмски фестивали.

SP_A0160Овој фестивал е патувачки и токму Охрид е првата дестинација со која ќе се стартува и понатаму продолжува во Тирана и во Белград и сето тоа е еден вид реципроцитет на онаа соработка која што ја имаат со Холандија и со фондацијата Cultural aid истакна Александар Велески,претставникот од Промо центарот Јавна соба од Скопје.

Филмовите ќе бидат прикажани на отворено, во дворното место пред дирекцијата на Охридско лето,со почеток на проекциите во 21.30 а влезот за сите посетители ќе биде слободен.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.