Проект улица Македонија да биде пешачка зона + ВИДЕО

Објавено во Охрид Вторник, 24 Април 2018 08:25

Денеска во големата сала на општина Охрид, деканот на Архитектонскиот факултет од Скопје проф. д-р Огнен Марина заедно со Лилјана Јоноска и Билјана Анѓелоска од Секторот за урбанизам одржаа презентација на  проектот

„Денеска во големата сала на општина Охрид, деканот на Архитектонскиот факултет од Скопје проф. д-р Огнен Марина заедно со Лилјана Јоноска и Билјана Анѓелоска од Секторот за урбанизам одржаа презентација на  проектот „Нови Хоризонти преку унапредување пешачка зона“ што се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона. Станува збор за проект кој е дел од меѓународната  Тренинг програма  „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“.  

Градоначалникот д-р Јован Стојаноски објасни дека проектот е во рана фаза и истиот би се реализирал во некоја од наредните години, а годинава улицата “Македонија“ како и претходно ќе биде сообраќајница.

-Станува збор за презентација којашто се реализира во рамки на тренинг програмата  за урбан хулистички пристап која што понатака би требало да предизвика донесување на една интегрирана урбана стратегија за развојот на градот Охрид. Во случајов две вработени од општина Охрид аплицираа и добија средства во рамки на тренинг програмата преку архитектонскиот факултет и учествуваа на неколку работилници и семинари во Светов на коишто изработуваат одреден проект. Тие сами си го избраа проектот за уредување на улицата кај кеј  „„Македонија“. Проектот не мора да значи дека ќе се реализира оваа или идната туку во некоја од наредните години. Со оваа тренинг програма сме во рана фаза на размислување и проектирање на идниот изглед на улицата кај кеј „Македонија“. За оваа година тендерот е завршен за изработка на режимот на сообраќај. Оваа година улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница- објасни градоначалникот Стојаноски

Деканот на архитектонскиот факултет од Скопје, проф. д-р  Огнен Марина посочи дека  дел од меѓународната тренинг програма покрај учесници од Македонија се и  претставници од седум други градови од Србија, Украина и Турција.  Крајна цел на тренинг програмата е создавање подобри градови.

-Подобри градови значи градови за граѓаните, за луѓето затоа што досега премногу се инсистираше на парадигмите од минатиот век каде што посебните системи  на пример сообраќајот, отпадот, водите, туризмот се набљудуваат сепаратно односно се набљудуваат како посебни издвоени системи без притоа да се согледаат меѓусебните синергии. Токму во суштината на овој пристап е препознавањето на синергиите- истакна  проф. д-р Марина.       

Надлежните служби на општина Охрид подржани од неколку општествени чинители    изминатиов период спроведоа анкета за испитување на јавното мислење, дали улицата „Македонија“ треба да се реорганизира од сообраќајница во пешачка сезона. Најголем дел од анкетираните охриѓани од различни категории, гости и туристи се изјасниле позитивно улицата да  биде пешачка зона, а незначителен број од испитаниците дале негативен одговор.

На презентацијата на проектот денес  претходеше работна средба на градоначалникот Стојаноски и деканот на архитектонскиот факултет проф. д-р Марина. На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката меѓу општината со оваа високо образовна институција за што претходно беше потпишан меморандум за соработка. Беше заклучено дека е неопходно поголемо искористување на знаењето, кадарот и искуството на архитектонскиот факултет во насока на подобар урбан развој на Охрид.

Нови Хоризонти преку унапредување пешачка зона“ што се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона. Станува збор за проект кој е дел од меѓународната  Тренинг програма  „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“.  

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.