Прилепскиот суд ги потврди казните за обвинетите во случајот Новаковиќ

Објавено во Охрид Петок, 16 Декември 2011 12:56

Откако битолска апелација ја укина првобитната пресуда, Основниот суд во Прилеп ја изрече истата казна за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ во Охрид.

Прилепскиот суд на повтореното судење за убиството изрече дека обвинетите се виновни за учество во толпа која ќе предизвика смрт.
Обвинетите добија четири ипол години затворска казна за Илче Јоноски, четири за Митре Костоски и една година затвор за Ѓоко Наумоски.
Трагичниот настан се случи лани на 27 август. Се почнало во раните утрински часови во ноќниот клуб Куба Либре во Охрид. Прво имало вербална расправија, за потоа пред клубот и среде Охрид до смрт да биде претепан српскиот турист Новаковиќ.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.