Презентација на начини на одгледување и карактеристики на домашното магаре

Објавено во Охрид Петок, 01 Јуни 2018 15:10

Здружението на граѓани „ЗГ БУША – Скопје“, како имплементатор на проектот Заштита на домашното магаре, финансиски подржан од ГЕФ Македонија,

Програмата за мали грантови за 2017 год. има особена чест и задоволство да Ве покани на работилница на тема “НАЧИНИ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАШНОТО  МАГАРЕ”

На работилницата презентации ќе имаат проф. д-р Ѓоко Буневски, од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и м-р Зоран Салтамарски, проектен координатор. Презентација ќе има и г-дин Роберт Шиникоски, од с.Велестово, Охрид, каде е формирана и првата фарма со матично стадо од домашни магариња во Македонија.

 

Работилницата ќе се оддржи на 09.06.2018, со почеток во 11:30 во село Велестово, Охрид, каде на лице место ќе биде претставена и првата пилот-фарма на г-дин Роберт Шиникоски од с. Велестово.   

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.