Презентација на Холандската кинематографија во Охрид

Објавено во Охрид Понеделник, 20 Јули 2009 11:54

По завршувањето на фестивалот на францускиот филм од 21 до 26 јули Охрид повторно ќе блесне во сјајот на уште една манифестација поврзана со филмот. На отворен простор пред дирекцијата на Охридско лето пред охриѓани и голем број на гости ќе биде презентирана Холандската кинематографија.
Станува збор за проектот "Високи достигнувања  од ниската земја ( Холандија)", кој го организира Здружението на граѓани "Јавна соба" од Скопје, во соработка со фестивалот "Охридско Лето", Центарот за култура "Григор Прличев" и Општина Охрид.

На свеченото отворање се очекува  да присуствува и амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини.

За содржината и предвидените филмови повеќе ќе стане збор на прес конференцијата, што ќе се одржи на 21 јули во 11 часот во малата сала на Општина Охрид.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.