Празнична вечерна богослужба во Св. Богородица Бочничка

Објавено во Охрид Петок, 27 Јули 2018 09:14

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 јули  2018 година (петок), во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид,

со почеток 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“. 

28. јули 2018 година (сабота), со почеток во 7:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.